Ливерпул во четвртокот беше понижен на домашен терен, пред своите навивачи на „Енфилд“ во натпреварот од првиот четвртфинален меч против Аталанта (0:3).
Едноставно Ливерпул ги шокира своите навивачи и беше декласиран, па сега пред нив е исклучително тешка мисија за некој си пресврт и пласман во полуфиналето од Лига Европа.
– Тоа беше под секое ниво, се што можеше да помине преку нас, тоа помина и им се извинувам на навивачите. На нас сега е да се фокусираме на натпреварите кои ни доаѓаат и да се обидеме да направиме пресврт, порача Ван Дајк.
Реваншот против Аталанта е следниот четврток во Бергам, а пред тоа, овој викенд Ливерпул има меч со Кристал Палас во 33. коло од Премиерлигата.
„Црвените“ се во борба за титулата заедно со Арсенал и Сити и само нијанси до крајот можат да решат кој ќе биде новиот шампион.