Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, не крие дека е задоволен од борбеноста и упорноста на неговите фудбалери на денешниот меч со Словенија кој заврши 1:1.
– Беше неверојатно, топката не сакаше да влезе во голот. Со Данска ќе биде ние или тие. Ќе играме отворен натпревар – изјави селекторот на нашиот северен сосед.
– Никогаш не се предававме, верувавме во себе до крајот. Создадовме толку многу шанси, но едноставно не можевме да постигнеме гол. Не сакавме да го прифатиме поразот од Словенија и на крајот се ни се исплатеше, рече Стојковиќ