Шпанија ја победи Италија со 1:0 (0:0), во натпревар од Б групата на Европското првенство. Шпанците со овој триумф го обезбедија првото место во групата, додека актуелните европски шампиони ќе мора да се помачат за да се пласираат во нокаут фазата.
Натпреварот на стадионот на Шалке во Гелзенкирхен речиси 80 минути беше еднонасочна улица. Шпанците ги надиграа своите противници, а Џанлуиџи Донарума е причината зошто славеа само со 1:0. Победникот го реши автоголот на Калафиори во 55.минута.
Голманот на Италија имаше осум интервенции. од друга страна „азурите“
воопшто не се заканија кон голот на Унаи Симон.
Шпанските фудбалери упатија 20 удари, осум од нов оде аво рамката на голот, додека од трите италијански обиди ниту еден не одеше во голот на Симон.
Во последното коло Шпанија ќе игра против Албанија, а Италија против Хрватска.
Riccardo Calafiori own goal puts Spain ahead.pic.twitter.com/KII1Ujf4wR
— Max Statman (@emaxstatman) June 20, 2024