Македонија ја обезбеди првата победа

Нашите најдобри тенисери денеска ја совладаа Словенија со 2 спрема 1 во второто коло од Третата Европска зона од Дејвис купот што се игра во Улцињ – Црна Гора.

Решавачкиот поен беше обезбеден во мечот во двојки откако Словенците се предадоа по само еден одигран гем поради здравствени проблеми на Бор Артнак. Претходмо, Берк Бугариќ го совлада Матиц Крижник додека Артнак беше подобар од нашиот, Шендрит Деари.

Македонија по ден пауза в сабота го продолжува настапот во Третата Европска зона од Дејвис купот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО