Пикси Стојковиќ ќе ја предводи Србија до 2026 година

Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси го продолжи договорот до 2026 година.

Пикси стана селектор на Србија во 2021 година и ѝ донесе прв пат да учествува на две големи натпреварувања по ред (СП во Катар и ЕП во Германија).

Дополнително, тој постигна успеси во Лигата на нации со пласманот во А дивизијата, поради што ја доби довербата од раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) да ја продолжи својата работа и по Европското првенство во Германија.

„Зачувувањето на континуитетот во водењето на репрезентацијата е еден од клучните фактори за постигнување на посакуваниот резултат“, соопштија од ФСС.

Србија наскоро ќе ги започне подготвките за ЕП. Ќе одигра контролни натпревари против Австрија (4 јуни) и Шведска (8 јуни).

Србија на ЕУРО 2024 е во групата Ц со Англија (16 јуни, Гелзенкирхен), Словенија (20, Минхен) и Данска (25, Минхен).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО