Челси и Брајтон се заинтересирани за менаџерот на Ипсвич

Менаџерот на Ипсвич, Киран Мекена, најверојатно ќе ја одбие понудата да го продолжи договорот со клубот, откако Чесли и Брајтон покажаа интересирање за него. Како што тврдат во Англија, фаворит за неговиот потпис е Челси.

Киран Мекена (38) има договор со Ипсвич до 2027 година, но има и големи амбиции во кариерата. Според „Би-би-си“, Мекена викендов треба да се сретне со челниците на Ипсвич, но ќе ја одбие нивната понуда.

„Би-би-си“ натаму наведува дека Челси е пред Брајтон, а ситуацијата во Манчестер јунајтед е покомплицирана отколку во овие два клуба бидејќи „црвените ѓаволи“ се’ уште не го кажале својот став за судбината на Ерик тен Хаг.

Клубот што ќе сака го доведе младиот менаџер прво ќе треба да му плати четири милиони фунти отшета на Ипсвич, а со Мекена би пристигнал и неговиот помошник Мартин Перт.

Мекена ја доби наградата за менаџер на сезоната во Чемпионшип, а беше избран и за менаџер на годината во изборот на Здружението на професионални менаџери.

Мекена мина пет години во Манчестер јунајтед како асистент на Жозе Мурињо и на Оле Гунар Солскјер, пред да замине во Ипсвич во декември 2021 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО