Пеп мораше да застане во одбрана на Халанд по нападите од навивачите

Пеп Гвардиола застана во одбрана на својот фудбалер Ерлинг Халанд, кој доби критики за пропуштените шанси на мечот против Челси.

„Граѓаните“ не го добија овој натпревар, одиграа само 1:1, а тоа не беше доволно да ги освојат сите бодови. Халанд имаше неколку зрели ситуации да постигне гол, но не го стори тоа, па на социјалните мрежи беше навредуван.

– Добро е што Ерлинг шутираше девет пати, тоа е добро, на следниот меч ќе постигне гол. И јас бев некогаш фудбалер, постигнав само 11 голови во кариерата, која траеше 11 години. Ќе дојдат неговите голови. Имавме голем број на шанси, но следниот пат Ерлинг ќе биде далеку помотивиран да постигне гол. Против Челси не игравме вообичаено, затоа не победивме, порача Пеп Гвардиола.

„Граѓаните“ се третопласирани на табелата со 53 бодови од 24 натпревари, додека лидер во првенството е Ливерпул кој има 57 бодови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО