Пеп: Добро е што сами ќе одлучуваме за титулата, од утре мислиме на Вест Хем

Манчестер Сити оствари важен триумф на гостувањето во Лондон кај Тотенхем синоќа, каде остварија победа од 2:0.

Иако натпреварот можеше да оди во друг правец, сепак Сити и нивниот голман во финишот, не дозволија голем шок за нив, па ја осигураа победата.

– Од утре почнувам да размислувам за Вест Хем, но добро е што овој натпревар ни овозможи да размислуваме за следниот натпревар и сами да одлучуваме за титулата. Останува уште еден натпревар да добиеме, за да славиме титула.

– Тотенхем во повеќе наврати беше агресивен и опасен по нашиот гол. Многумина мислеа дека Тотенхем лесно ќе ни пушти, но не е така, тие вечерва играа за пласман во ЛШ и желбата кај нив беше огромна. Едерсон го заменив поради тоа што докторот ми сугерираше дека морам да направам замена, затоа што не гледа добро на едното око, порача Гвардиола по натпреварот во Лондон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО