Тотална чистка: По Варан, уште еден ќе замине од Олд Трафорд

Бразилскиот ас Касемиро сезонава во Манчестер Јунајтед беше под секое ниво, па скоро извесно на лето заминува од Олд Трафорд.

Долго се шпекулира со негово заминување, а сега тие шпекулации добиваат на интензитет и најверојатно тој ќе биде дел од некој нов фудбаски клуб во Саудиска Арабија.

Вчера беше објавено дека заминува од Олд Трафорд и Рафаел Варан, негов соиграч од времето во Реал Мадрид, а наскоро ќе биде официјализирано и неговото заминување.

Тој во Манчестер пристигна пред две години од Реал Мадрид, во трансфер вреден околу 70 милиони евра. Првата сезона беше еден од клучните играчи, додека во втората тој не ги оправда очекувањата, повеќе беше „проблем“ отколку дел од решението, па затоа на лето ќе следува разделба.

Се уште не е откриено за кој клуб од Саудиска Арабија ќе настапува.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО