Освен Манчестер сити, уште еден клуб се радува на историски резултат вечерва во Англија

Резултатот од мечот Тотенхем –  Манчестер сити (0:2), вечерва во Лондон не беше од голема корист само за „граѓаните“ туку и за уште една екипа во Премиер лигата.

Станува збор за Астон вила, која и официјално избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), откако резултатски остана бодовно над Тотенхем пред последното коло од првенството во Англија.

За Астон вила ова е  прв настап во најелитното европско клупско фудбалско натпреварување од сезоната 1982/83, прво во ерата на ЛШ, така што Унаи Емери дефинитивно стана еден од најуспешните менаџери во поновата ера на овој фудбалски клуб.

Освен што Бирмингем ќе биде полн со домашни навивачи на европските натпревари, Вила ќе инкасира и сериозни милиони евра од УЕФА поради пласманот во ЛШ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО