Пелистерци го зaвршија настапот во АБА 2

Кошаркарите на Пелистер денеска беа совладани од Суботица со 88-81 во рамките на АБА 2 лигата и нема да играат во плеј-офот. На турнирот во Широки, битолчани не успеаја да се наметнат против расположениот тим од Србија и на крајот сосема заслужено го претрпеа осмиот пораз во лигата.

Спартак со новите бодови се зацврсти на чело на табелата и ќе има најповолна позиција во разигрувањето. Во редовите на Пелистер се издвоија Андреј Магдевски со 24 поени и Јуре Планиниќ со 17 поени. Кај противникот прв поентер беше Барна со 17 кошеви.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО