Партизан комплетно ја менува сликата: Заминува миленикот на „гробари?“

Еден од милениците на навивачката група „Гробари“, е блиску до заминување од Партизан, тврдат медиумите во Србија.

Кошаркарот кој беше еден од најдобрите изминатата сезона, Зек Ледеј, е на чекор од заминување. Ледеј веќе трета сезона го носи дресот на Партизан, а беше блиску до заминување и претходната сезона, но го продолжи договорот.

Исто така, медиуми од Италија тврдат дека Ледеј има доста интересна понуда од Олимпија Милано, за која веќе играше сезоната 2020/21, со кои стигнаа до фајнал-форот таа сезона.

Информацијата ја пласираше Џузепе Малагути, еден од познатите инсајдери во италијанската кошарка. Ледеј бил по вкусот на тренерот Месина, а верува дека во Милано соодветно би го заменил Јоханес Фојтман.

На Ледеј му е понудена поголема плата од онаа во Партизан, а по обезбедувањето на неколку потписи за идната сезона, Ледеј е скоро извесно идно засилување за оваа екипа.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО