Алкараз тврди дека ја научил лекцијата од ланскиот меч против Ѓоковиќ

Карлос Алкараз е првиот финалист на Ролан Гарос, откако го победи Јаник Синер, зборуваше на пресконференцијата пред медиумите.

Тој веруваше во оваа победа и ја најавуваше меѓу редови, а сега ќе го чека спокојно ривалот против кого ќе игра за титула.

– Видов дека Јаник се мачи, двајцата имавме грчеви, но достојно се боревме. Ја научив лекцијата од минатогодишниот меч со Ѓоковиќ, па останав смирен, се обидов да ги скратам поените, знаејки дека грчевите ќе поминат. Ја чекав својата шанса и ја искористив, четвртиот и петти сет беа одличен тенис, порача Алкараз.

Мечоттраеше повеќе од четири часа ( 2:6, 6:3, 3:6, 6:4, 6:3 ).

Во второто полуфинале се среќаваат Александар Зверев и Каспер Руд, па еден од овие двајца ќе му пркоси на Алкараз во финалето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО