Берарди оди на операција, го чека долга пауза

Играчот од средниот ред на италијанската фудбалска репрезентација и член на Сасуоло, Доменико Берарди (29) поради повреда на Ахиловата тетива ќе отсуствува од терените до крајот на годината.

До крајот на оваа недела тој треба да оди на операција во Болоња, по што ќе следи период на рехабилитација од најмалку десет месеци.

Берарди се повреди минатиот викенд на натпреварот со Верона. Тој ја напушти средбата во 60.mинута, а неколку часа подоцна клубот соопшти дека фудбалерот има скината ахиловата тетива.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО