Откриено што јадел Герет Бејл пред секој натпревар – Многумина би добиле нагон за повраќање

Поранешниот соиграч на Герет Бејл, Џермејн Џенас, откри што јадел Велшанецот пред секој натпревар. Тоа не би било добро за многу луѓе.

Нешто неочекувано и релативно рано Герет Бејл се прости од играњето фудбал. Со порака на социјалните мрежи тоа го направи на почетокот на 2023 година.

Тој се прости како играч на Лос Анџелес. Во својата кариера настапуваше и за Реал Мадрид, Тотенхем и Саутемптон.

Џермејн Џенас играше со Герет Бејл во Тотенхем. 40-годишникот ја откри малку чудната диета на Герет Бејл.

-Пред секој натпревар во Тотенхем, Герет Бејл јадеше пет кришки леб за тост со „планина од грав.

Вели дека еднаш го пробал истото, но очигледно не му се допаднало пред натпреварот.

-Еднаш го пробав и не помина добро, истакна тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО