Зверев: Имам многу крв под ноктите

Германскиот тенисер Александар Зверев беше задоволен по победата над Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралија Опен.

По четири сета, Зверев успеа да го елиминира вториот носител по три часа и пет минути, во сетови – 6:1, 6:3, 6:7(2), 6:4.

-Играв со еден од најдобрите играчи во светот. Особено во последните две години. Тој беше број еден или два, освои два Грен слем турнири. Кога имаш 6:1 6:3 5:2 почнуваш да размислуваш. Сите ние сме луѓе. Голема чест е да се игра со момци како него. Кога ќе почнеш да победуваш, главата почнува да се губи. Не е секогаш од помош… Многу сум среќен што го завршив натпреварот“, изјави Зверев по завршувањето на натпреварот.

-Се чувствувам добро. Имам многу крв под ноктите, болно е, кога се троши многу, се враќа и морам повторно да го преврзам. Подобро да ме боли и да бидам во полуфинале отколку да бидам дома и дека немам никакви болки, изјави Германецот, кој зборуваше и за неговото враќање по повредата.

-Тоа беше тежок момент во мојот живот. Многу луѓе загубија од Рафа на Ролан Гарос, но после тоа во мојата глава бев блиску до број еден. Почнав од нула, се вратив во топ 10 и еве ме сега, вели шестиот играч на планетата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО