Откако Формула 1 (Ф1) не му го прифати барањето да влезе со свој тим во натпреварувањето, легендарниот Мајкл Андрети изјави дека има план за приклучување со тим во Формула 2 (Ф2) и Формула 3 (Ф3).
Според Андрети, новата база во Силверстон и процесот на пуштање во употреба што веќе започна, ќе овозможи проектот да се прошири и да влијае врз создавање тимови во Ф2 и Ф3.
– Во основа, овие два комплекса ќе се користат за потребите на Ф1 тимот, сакаме да го почнеме процесот на интеграција. Нашата првенствема цел е да создадеме тимови во Ф2 и Ф3, вклучително и организирање структура за поддршка за Ф1 тимот, вели Андрети.