Освои злато со Франција на ЕП, ден подоцна заврши во затвор!

Репрезентативецот на Франција во ракомет, Бено Конку, се наоѓа во притвор по обвинувањата за силување.

Станува збор за играч кој беше дел од тимот на Франција која неодамна освои златен медал на Европското првенство во ракомет, турнир кој се оддржа во Германија.

Французите во големото финале ја победија репрезентацијата на Данска со резултат 33:31.

Како што пренесува медиумот Лекип, Конку само ден подоцна од освојувањето на златниот медал, се нашол во ужасна ситуација.

– Во ноќта понеделник кон вторник, францускиот репрезентативец во пијана состојба, наводно се обидел сексуално да злостави млада девојка која имала едвај 20 години, тврди спортскиот дневен весник.

Конкуа кој игра за полскиот прволигаш Кјелце, може да заглави неколку години во затвор доколку навистина се докаже негова вина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО