Триумф вреден ТИТУЛА: Сити победи кај Тотенхем и имаат пол-позиција за последното коло во ПЛ

Манчестер Сити успеа да оствари исклучително важна победа вечерва во Лондон, на гостувањето кај Тотенхем, победа која можеби значи и освојување на нова титула во Премиерлигата (0:2).

По победата на Арсенал викендот на Олд Трафорд, како приоритет за Сити се наметнуваше овде исто така победа, со цел да го вратат провизорното лидерско место пред последното коло во Англија.

Благодарение на голот кој го постигна Ерлинг Халанд во вториот дел, a во самиот финиш и зголеми на 2:0 (од пенал), Манчестер Сити запиша џиновски бодови и го осигура првото место, кое ќе го брани последното коло со мечот против Вест Хем на домашен терен.

Манчестер Сити со овој триумф дојде до 88 бодови, додека Арсенал остана втор со 86.

Како стојат работите, секој ќе си решава сам за себе во последното коло. Сити како што потсетивме игра против Вест Хем, додека Арсенал против Евертон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО