Резултатот од мечот Тотенхем – Манчестер сити (0:2), вечерва во Лондон не беше од голема корист само за „граѓаните“ туку и за уште една екипа во Премиер лигата.
Станува збор за Астон вила, која и официјално избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), откако резултатски остана бодовно над Тотенхем пред последното коло од првенството во Англија.
За Астон вила ова е прв настап во најелитното европско клупско фудбалско натпреварување од сезоната 1982/83, прво во ерата на ЛШ, така што Унаи Емери дефинитивно стана еден од најуспешните менаџери во поновата ера на овој фудбалски клуб.
Освен што Бирмингем ќе биде полн со домашни навивачи на европските натпревари, Вила ќе инкасира и сериозни милиони евра од УЕФА поради пласманот во ЛШ.
🚨 Aston Villa qualify for the #UCL for the first time since it was rebranded after Spurs lose to Manchester City.
Villa’s last European Cup appearance was 1982/83 having won the tournament the previous season.
Magnificent achievement from Unai Emery and his squad.👏 pic.twitter.com/qNBSSDbqgj
— Ben Jacobs (@JacobsBen) May 14, 2024