Фудбалерите на Струга утре ќе се сретнат со Пјуник во рамките на второто квалификациско коло за Конференциската лига. Двата тима сезоната ја започнаа во квалификациите за Лигата на шампионите но, беа елиминирани уште во стартот.
Тренерот на нашиот состав, Ќатип Османи, знае дека ерменскиот тим има богато меѓународно искуство и дека ќе мора да се одигра крајно внимателно на двата меча. „Станува збор за квалитетен противник но, мојот тим е комплетен. Само еден играч е под знак прашалник. Подготвени сме за утрешниот натпревар.
Во првиот дуел имаме приоритет да победиме. Мора да сме внимателни во двомечот.Тие се многу дисциплинирана екипа, многу борбена“ – изјави Османи.