Олимпискиот шампион од Рио суспендиран поради допинг

Oлимписки шампион од Рио де Жанеиро 2016 и носител на бронзениот медал од Олимпијадата во Токио, бразилскиот скокач со стап, Тиаго Браз, е суспендиран на 16 месеци поради допинг.

Тој сега ќе мора да ги пропушти Олимписките игри во Париз каде се надеваше на нов медал. Денеска Атлетската единица за интегритет (AIU) ја потврди одлуката.

– АИУ го суспендираше Тиаго Браз на 16 месеци поради присуството на остарин, за кој спортистот тврди дека го консумирал преку додатоци во исхраната кои ја содржат забранета супстанца, објави и антидопинг телото, кое исто така наведува дека 30-годишниот Бразилец ја обжалил оваа одлука до Судот за спортска арбитража.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО