Мајката на Роналдо никогаш не го посетува Португалецот во Саудиска Арабија – сега ја откри причината

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, минатата зима се пресели во Ал Наср, тим од Саудиска Арабија, во трансфер кој ја шокираше целата планета.

Иако нема сомнеж дека Португалецот одлично поминува во Арабија, едно нешто што дефинитивно му недостасува е поддршката на неговата мајка Долорес Авеиро на трибините. Таа речиси секогаш ги следела натпреварите на Роналдо, но сега не го посетува синот на Блискиот Исток. Сега таа ја откри причината.

-Тоа се многу часови во авион и многу ми е заморно – открила Долорес за португалските медиуми на прашањето зошто не го посетува синот.

Летовите од Лисабон до Ријад траат минимум 15 часа со задолжително застанување во Дубаи, што е многу заморно за една дама на нејзина возраст, па таа го гледа синот само кога тој ќе дојде во Португалија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО