Олимпијакос е вториот финалист во Лигата на конференции (ЛК) по триумфот над фаворизираната Астон вила, на двата меча, на првиот во Бирмингем, со 4:2, како и во реваншот во Пиреја, 2:0. Двата гола ги даде Мароканецот Ајуб Ел Кааби, вкупно 10 во ЛК сезонава од кои пет на двата меча против Вила!
Олимпијакос поводе во 10. минута од натпреварот, а потоа Астон вила доминираше во сите аспекти од играта, освен според головите.
Во 75. минута Олимпијакос, рекордерот со 47 титули првак на Грција, со вториот гол го потврди финалето, прво во клупската историја, во ќе игра против Фиорентина, на домашен терен, на арената АЕК во Атина, на 29 мај.
„Црвено- белите“ од Пиреја станаа првата грчка екипа која стигнала до европско финале по Панатинаикос, кој беше поразен од Ајакс во финалето на Купот на европските шампиони во 1971 година на „Вембли“.