Олимпијакос доминантно го совлада Монако со 105-82 и обезбеди пласман на Фајнал-фор во Евролигата.
Тимот од Пиреја уште од стартот ја наметна својата игра и веќе на полувреме имаше убедливи +21, по што рутински го приведе мечот до крај.
Најдобар поединец беше Еван Фурние со 22 поени, а Олимпијакос стана првиот сигурен учесник на завршниот турнир во Атина.