Роберто де Зерби одлучи да го напушти Брајтон, официјално соопштија од клубот. Неговиот последен меч ќе биде со Манчестер Јунајтед во 38. коло од Премиер лигата, при што самиот тренер е подготвен за нов предизвик во кариерата.
Во изминатата сезона Де Зерби импресионираше со својот стил на игра, кој беше крајно напаѓачки и се потпираше на крајно ризично, но интересно доставување на топката со кратки додавања од самиот голман. Во моментов пред одигрувањето на последното коло од Премиер лигата, Брајтон е 10-ти во Премиер лигата и со само една победа во последните девет натпревари.
Се уште не е познато кој ќе застане на кормилото на клубот, но дефинитивно се очекува да има интерес за Роберто де Зерби.