Официјално: Килијан Мбапе ја објави својата иднина преку видео порака

Килијан Мбапе официјално ја објави својата иднина. Францускиот напаѓач преку видео изјави дека се разделува со Пари Сен Жермен, не продолжувајќи го договорот, кој истекува на крајот од актуелната сезона.

Иднината на Мбапе се поврзува со Реал Мадрид, а Реал Мадрид речиси сигурно ќе биде следната дестинација на оваа фудбалска ѕвезда.

– За мене беше чест да бидам дел од ПСЖ и им благодарам на сите што ми помогнаа. Сакам да објавам дека нема да го обновувам договорот и си заминувам од ПСЖ, беа дел од зборовите на напаѓачот.

Ова е прво јавно признание на Мбапе дека го напушта ПСЖ, а со навивачите ќе се збогува во недела кога парижаните ќе се сретнат со Тулуз на „Паркот на принцовите“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО