Одбојкарките на Работнички третпат по ред се шампионки на Македонија

Работнички триумфираше со 3-0 во сетови, односно 25-23, 28-26 и 25-23 против Струмица за да ја одбрани шампионската титула во македонскиот шампионат.

 

Одбојкарките на старо-новиот првак беа одлични на паркетот и не ѝ дозволија на Струмица да внесе поголема неизвесност во мечот, па така уште еднаш се радуваа на крајот на сезоната. Ова за Работнички е трета шампионска титула по ред, односно 17. пехар во историјата на одбојкарскиот клуб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО