Сити ќе го брани трофејот во ФА купот – Силва го реши полуфиналето против Челси

Фудбалерите на Манчестер сити ќе го бранат трофејот во ФА Купот. Тимот на Пеп Гвардиола го победи Челзи со 1:0 (0:0) на „Вембли“, а херој на победата на „Граѓаните“ е португалскиот играч за врска Бернардо Силва. Играчот кој бепе трагичар против Реал во Лигата на шампионите (промаши пенал), сега го воодушеви синиот дел од Манчестер.

Во 84. минута Бернардо Силва налета на топка која претходно ја одби голманот на Челзи Ѓорѓе Петровиќ и ја смести во голот.

Финалето е закажано за сабота на 25 мај, а исто така ќе се игра на најголемиот англиски стадион. Минатата сезона Сити го победи градскиот ривал Јунајтед со резултат 2:1.

Натпреварот не изобилуваше со прилики, а Сити промаши една шанса во 53. минута кога Петровиќ одлично го одбрани ударот на Фоден. Пред тоа кон голот на Сити се закани Николас Џексон, но Ортега беше фокусиран.

Во првото полувреме најсериозните обиди ги имаа Кол Палмер на едната и Кевин Де Брујне на другата страна.

Во второто полуинале, утре од 16.30 часот ќе играат Ковнетри и Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО