Одбиена жалбата на Реал, Белингам ќе паузира два меча

Жалбата на Реал Мадрид за суспензијата на Џуд Белингам е одбиена. Тоа значи дека тој ќе мора да паузира на два натпревара во Ла лига, против Селта и против Осасуна, поради „непочитување на судијата“.

Реал се жалеше на црвениот картон на Белингем, но дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) го отфрли нивниот аргумент дека судијата направил „грешка“.

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) соопшти дека Белингам покажал „презир и непочитување“ кон Манзано кога играчите на Реал го опколиле. Белингам е казнет со 600, а Реал со 700 евра!

Играчот од средниот ред на „кралевите“ доби црвен картон на мечот со Валенсија (2:2) поради расправата со судијата Хесус Хил Манзано. Тогаш судијата отсвири крај додека топката беше во воздух, по центаршутот по кој Белингам даде гол, во 99. минута!

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО