Од Брера Струмица порачаа: Ја променивме „крвната слика“, за нас 99% е завршен преодниот рок

Она што го најавивме, денес добри и потврда од самиот клуб. Урош Стамениќ кој доаѓа од суперлигашот „ИМТ Белград“ од соседна Србија е ново засилување на Брера Струмица.

Генералниот директор на клубот Јован Симиќ кажа дека полека се затвора новиот костур на Брера за вториот дел на сезоната иако не се исклучува можноста со уште едно засилување доколку има квалитетна понуда.

-Ни прествува задоволство што Урош стана дел и се приклучи на нашиот тим Брера Струмица. Не бевме задоволни од првиот дел на првенството и оваа зима направивме промени во клубот како организациски така и играчки. Ја променивме „крвната слика“ на стартниот тим, дополнително го подигнавме нивото и се подготвуваме да заминеме за Анталија на подготовки за вториот дел од првенството.

Доѓањето на Стамениќ за нас значи 99% завршен преодниот рок. Може да се очекува уште едно ново засилување но ќе видиме. Заминувања од тимот може да има само во случај на нови понуди кои не би требало да се пропуштат. На време почнавме со засилувањата и ни преставува задоволство што за Турција заминуваме комплетни според планот. Имам доверба во тренерите, стручниот штаб, играчите и со квалитетна работа како и со добра атмосфера и заедништво, резултатите во вториот дел од првенството нема да бидат проблем, вели Јован Симиќ генералниот директор на АД ФК АП Брера Струмица

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО