Во 21. коло од англиската Премие лига, Ливерпул ја продолжи серијата на добри резултати и како гости го победи Борнмаут со 0:4 во натпревар кој „црвените“ го решија во вториот дел.
И покрај тоа што играа без неколку стандардни играчи и без Салах кој е на Купот на африканските нации, „црвените“ одиграа уште еден одличен натпревар.
Првото полувреме понуди многу борба, имаше шанси и пред двата гола, но ништо значајно што би го променило резултатот од првиот дел. Затоа на пауза заминавме со 0:0.
Во продолжение, најблаго кажано, е рапсодијата на „црвените“ кои вечерва ги демолираа противниците.
Веќе во 49. минута семафорот гласеше 0:1, Јота асистираше, а Нуњез погоди за водство на тимот на Јирген Клоп, а потоа беше еднонасочна улица. По голот, Нуњез имаше уште една добра шанса, но одбраната „црешите“ одлично реагираше.
Кратко затишје на теренот до 71. минута, а потоа на сцена стапува португалскиот репрезентативец Диого Јота.
По асистенцијата Јота постигна два гола. Тој најпрвин погоди за 0:2 во 71. минута, а потоа и за 0:3 во 80. минута од натпреварот.
Помош при првиот гол на Јота беше Гакпо, кој во вториот дел влезе во игра наместо Дијаз, а асистент на вториот гол беше младиот Бредли, кој вечерва доби шанса од првата минута.
До крајот на натпреварот уште еден гол во мрежата на Борнмаут. Во третата минута од судиското надополнување, Нуњез го постигна својот втор гол на натпреварот за конечни 0:4.