Фудбалерите на Утрехт и ПСВ Ајндховен одиграа нерешено (1:1) во натпреварот од 18. коло на Ередивизија, што е прв меч за лидерот во кој не славеше оваа сезона. Тие излегоа како победници во сите 17 дуели досега.
Денеска конечно наидоа на екипа која не можеа да ја победат иако имаа водство на полувремето.
Белгиецот Јохан Бакајоко уште во седмата минута им донесе водство на „Филипсите“, а на многумина им се чинеше дека овој натпревар нема многу да се разликува од сите претходни за избраниците на Петер Бош по исход.
Домашните сепак имаа други планови, а денеска за многу тоа се прашуваа на теренот.
Друг Белгиец, Отман Бусаид, ја круниса смелата и напаѓачка игра на Утрехт во 53. минута, а потоа, како што се испостави, го постави конечниот резултат на натпреварот кој конечно го означи крајот на најдолгата победничка серија од која било екипа во Европа оваа сезона.
Последен пат ПСВ одигра натпревар во кој не победи на 21 мај минатата година, а последниот пораз го претрпе тимот на 24 јануари минатата година.
Секако, оваа „несреќа“ воопшто не ја загрози позицијата на ПСВ, кој и натаму е суверен лидер на Ередивизија со десет бода повеќе од најблискиот следбеник Феенорд.