О’Нил со совети за Томпсон: Не се грижи што зборуваат луѓето за тебе

Четирикратниот НБА шампион, легендарниот центар, сега спортски експерт и аналитичар, Шекил О’ Нил, со совети до Клеј Томпсон, 34-годишниот играч на Голден Стејт вориорс.

– Тој мора да разбере дека само времето може да го победи. Клеј треба да престане да се грижи што зборуваат луѓето за него, треба да се концентрира на играта. Само во тој случај ќе влезе во „Куќата на славните“. Па тој има три или четири шампионски прстени, рече О’Нил.

Томпсон сезонава настапи на 64 натпревари за Голден Стејт, со просек од 17,2 поени, 3,4 скока и 2,3 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО