Екипата на Партизан вечерва забележа пораз од грчки Олимпијакос во преполната „Штарк арена“ пред домашните гледачи со резултат 69:74.
„Црно-белите“ беа свесни уште од самиот старт за важноста на овој натпревар, но повторно прокоцкаа нешто што им беше добиено.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ грчевито се борат за позиција која води во плеј-ин позиција, но вакви натпревари нема да ги однесат до посакуваната цел.
Партизан вечерва во еден период од натпреварот имаше и +13, но некако и повторно, успеаја да го прокоцкаат тоа водство и да забележат нов пораз.
На полувреме резултатот беше 40:32, додека највисоката предност од +13 беше достигната во третата четвртина, но токму од таму тргна нивното проклетство, а во последната четвртина беа буквално прегазени, а Партизан успеа да уфрли само 10 кошеви за 10 минути.