Норис за инцидентот со Верстапен: Прегледав сѐ, ништо не направив погрешно

Ландо Норис велидека не би ги променил своите постапки пред да се случи сударот со Верстапен во Австрија, зато ашто ништо не направил погрешно. Пилотот на Мекларен рече дека ги прегледал сите повторувања на инцидентот и не нашол никакви грешки во неговите движења на патеката.

-Прегледав сè, проверивме сè – и, да речеме, не би менувал ништо во она што го направив или како постапив. Се борев. И токму тоа го сакаме – сакаме да се бориме! Не сакаме да се жалиме, исто како што не сакаме борбата да заврши вака, и од Макс и од моја страна. Што да кажам, таков е животот, понекогаш се случува. Се бориме, двајцата сакаме да победиме, ќе напаѓаме до крај – и некој ќе ризикува малку повеќе. Во исто време сум повеќе инспириран. Ќе имаме други битки, со нетрпение ги очекувам, вели Норис.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО