Tрагедија на трка во Шри Ланка, многу мртви и повредени

За време на автомобилска трка, што ја организирала армијата на Шри Ланка, во близина на главниот град Коломбо, возачот изгубил контрола над автомобилот. Возилото со полна брзина налетало во гледачите на незаштитен дел од патеката при што загинале најмалку седум лица.

– Во болница се префрлени вкупно 27 лица, од кои седум починале од повредите – соопшти полицијата.

Меѓу жртвите е и осумгодишно девојче, а медиумите јавуваат дека трката во живо ја следеле околу 100.000 гледачи.

Непосредно пред несреќата, командантот на армијата Викум Лијанаж објавил дека вратите на патеката ќе бидат отворени сите заинтересирани гледачи за да се промовира мотоспортот. Настанот се одржувал за прв пат по пет години пауза поради пандемијата ковид-19 и економската криза на островот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО