Реакцијата на некои англиски навивачи на настапот на тимот на ЕP 2024 „создава необична ситуација“ што „предизвикува проблем за групата“, вели селекторот Герет Саутгејт, по вчерашните 0:0 против Словенија.
Англија на Саутгејт беше исвиркана, а неколку празни чаши беа фрлени кон селекторот по уште еден настап под очекувањата. „Нема да се откажам. Но најважно е навивачите да останат со тимот, вели Саутгејт.
Тој вели дека „разбира“ зошто навивачите го изразуваат своето незадоволство од разочарувачките перформанси и резултати, кои вклучија само една победа, од 1:0 над Србија во првиот натпревар на турнирот.
Англија беше исмејувана од навивачите и вчера против Словенија.
– Го разбирам наративот кон мене и подобро е за тимот гневот да биде кон мене, отколку кон играчите. Но, тоа создава необична работна средина. Не сум видел ниту еден друг тим да се квалификува и да добие сличен третман. Го разбирам тоа, но горд сум на играчите за тоа како функционираат, рече Саутгејт.