Капитенот на Србија со критики до селекторот: Го гледам Модриќ, игра на секој меч!

Србија го заврши настапот на Европското првенство (ЕП) во Германија, откако го освои последното место во групата Ц, зад Англија, Данска и Словенија кои ќе ги продолжат натпреварите во осминафиналето.

Српскиот капитен, Душан Тадиќ тешко ја прифати елиминацијата на својата репрезентација, како и третманот што го доби од селекторот Драган Стојковиќ.

Против Англија одигра само 29 минути, против Словенија беше изваден од игра во 82. минута, а во одлучувачкиот натпревар против Данска, ги одигра вторите 45 минути.

– Не почнав против Англија. Не бев среќен, но не сум јас битен. На полувремето ми велат, ти и Илиќ влегувате, давам „полн гас“ и потоа, кога требаше да влезам, тој ми вели дека влегува само Илиќ, а јас треба да одморам. Не знам, природно е дека се чувствував повреден.

Не сакав никого да навредам, тоа го мислам и не мислам дека е лошо. Можеби некому тоа му звучи арогантно, но јас само сакав да преземам одговорност и да дадам пример на некого. Не ми беше цел да им кажам нешто на другите. Другите се таму да говорат, уште еднаш го кажа тоа што му пречеше по првиот натпревар.

Србија го заврши настапо на ЕП со два бода, по двете ремија, против Словенија, 1:1 и против Данска. 0:0 и поразот од Англија, 0:1.

– Многу ми е тешко. Мислам дека заслужив подобар третман за да можам да дадам повеќе за тимот затоа што сум тимски играч и сакам да му помогнам на тимот. Не сум важен јас во оваа приказна, важно е тоа што ќе направите на теренот, истакна Тадиќ.

Тој потоа го посочи примерот на капитенот на Хрватска, Лука Модриќ (38) за да ја опише својата ситуација.

– Да играв повеќе, мислам дека ќе можев повеќе да придонесам. Го гледам Модриќ во Хрватска, тој е три години постар од мене и на теренот е речиси на секој натпревар, без разлика каква е ситуацијата. Тука сум, ќе играм онолку колку што треба и колку што ќе ми кажат, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО