Српски коментатор: Тадиќ фудбалски силуван!

Односот на српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси кон капитенот Душан Тадиќ остро го критикувашеод аналитичарот на РТС, Раде Богдановиќ.

– Гледајќи го сега ова, си мислам и се сеќавам на Бане Ивановиќ, како го сменивме од капитен и го избркавме од репрезентацијата. Го гледам Тадиќ и 100 проценти можам да кажам дека згреши што не се повлече по Катар.

Требаше да си замине како господин, а не да биде фудбалски силуван на Европското првенство и да го ставаат на клупа на првиот натпревар и селекторот да гради тактика на него.

Потоа да игра на вториот натпревар па да го извади од игра, а на третиот натпреварпак да го стави на клупа, и тоа на натпревар во кој Србија може да мине. Поздрави се ако можеш уште во Минхен, и кажи: „Во ред е, одиграв 110 натпревари“. Не знам дали имало репрезентација во Европа што малтретирала некого како капитен“, вели Богдановиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО