Нетс ќе го пензионираат дресот на НБА легендата

Бруклин нетс објавија дека во текот на следната сезона ќе го пензионираат дресот со број 15 на Винс Картер, кошаркарот кој играше во тој клуб, тогашен Њу Џерси, од 2004 до 2009 година.

Претходно овој клуб ги повлече дресовите на Бил Расел, на ниво на комплетната лига, на Бак Вилијамс, Џулиус Ервинг, Бил Мелхиони, Џон Вилијамсон, Џејсон Кид и дресот со број 3 на легендарниот хрватски кошаркар Дражен Петровиќ, кој исто така остави длабок белег во овој клуб.

Картер (47) беше избран на НБА драфтот во 1998 година од Голден Стејт, каде што никогаш не заигра. Негов прв клуб во кариерата беше Торонто репторс, по што се пресели во Њу Џерси. Осумкратниот Ол-стар во богатата кариера играше за Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и за Атланта.

НБА кариерата на Картер траеше 22 години и тој е единствениот играч во историјата кој играл во четири различни децении! Заедно со Кид, додека играше за Њу Џерси, двапати го предводеше клубот во второто коло од плеј-офот на Источната конференција, а во текот на пет сезони во Њу Џерси, пропушти само 11 натпревари.

Во тој клуб тој имаше просек од 23,6 поени по натпревар, со 5,8 скока, 4,7 асистенции и 1,2 украдени топки.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО