Може ли Аталанта да го тргне „проклетството“ против непобедливиот Баер?

Аталанта беше поразена во синоќешното финале од Купот на Италија, од Јувентус (0:1), по што освојувањето на домашниот куп во 1963 година и натаму останува единствениот трофеј во клупската историја на клубот од Бергамо.

Аталанта никогаш во историја не била шампион на Италија, но во блиското минато како да се создаде некое „проклетство“. Клубот од Бергамо петпати играше во финалето на италијанскиот куп и ниту еднаш не го освои.

Аталанта не успеа да триумфира во финалињата во 1987, 1996, 2019, 2021 и во 2024 година. Во 2021-та исто така загуби од Јувентус (1:2), а во 2019-та од Лацио (0:2).

Шанса за Аталанта да и стави крај на таа црна финална серија е финалето во Лига Европа (ЛЕ), против Баер Леверкузен, во Даблин, на 22 мај.

Баер игра феноменално сезонава, ја освои првата титула првак на Германија во клупската историја. Проблем плус за Аталанта секако е и фактот што во обидот да стигнат до првиот трофеј по 1963 година, вкупно втор во историјата, ќе играат против тим кој сезонава не беше поразен ниту еднаш на 50-те натпревари во сите конкуренции!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО