Несекојдневен потег на Французите: Наместо тренинг пред 3. коло – пријателски меч!

Во последното коло, Франција ќе игра против Полска, додека на другиот натпревар, Холандија ќе игра против Австрија.

Но ден по нерешеното, фудбалската федерација на Франција се реши на несекојдневен потег. Имено, наместо тренинг пред секој натпревар, репрезентативците на Франција ќе одиграат пријателски натпревар.

Ривалот на „триколорите“ ќе биде младинската екипа на Падерборн, екипа чиј прв тим се натпреварува во втората германска лига.

На тој начин, селекторот Дидие Дешамп сака да ги оддржи сите играчи во форма, а минути да добие и повредениот Килиан Мбапе, но и играчите кои не добија минутажа досега.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО