Нереална ситуација: Голема дупка проголта фудбалски терен

Несекојдневна глетка од американскиот град Алтон, каде голем кратер или дупка, проголта добар дел од еден фудбалски терен.

Според информациите, создадена е голема дупка која има радиус од околу 30 метри, која при своето формирање, проголтала и неколку канделабри околу тревнатиот дел на теренот.

За среќа кога се случил инцидентот и дупката се појавила, на терен немало никој и никој не е проголтан. Според првичните информации, оваа дупка е создадена поради тоа што непосредно на теренот, постоел рудник, каде постојано се копало, па природата си го направила своето.

Тамошните власти веднаш реагираа по оваа хаварија.

– Надреално, слики како од филмовите, во оваа област имаме рудници. Ќе почекаме до крај на истрагата се утврди што се случувало.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО