Лев ќе стане селектор на Србија? Но како помошник ќе донесе големо и познато име

Медиумите во Германија тврдат дека Јоаким Лев е контактиран од страна на српската фудбалска федерација да го наследи Драган Стојковиќ Пикси по ова ЕП.

64 годишниот Лев е без работа уште од 2021 година, кога го напушти националниот тим на Германија. Популарниот Јоги се уште нема донесено одлука, но постои можност да стане селектор на Србија.

Како што пишува и австрискиот портал ОЕ24, Лев не би дошол сам евентуално во Србија. Според информациите, Лев може да си донесе и двајца свои соработници од Германија.

Една од опциите за помошник на Лев може изненадувачки да биде српскиот сет, Бастијан Швајнштајгер, сопругот на српската тенисерка Ана Ивановиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО