Познат терминот кога Куртоа ќе почне со тренинзи во Реал (М)

По долгата пауза поради повредата, голманот на Реал (М) и на белгиската репрезентација Тибо Куртоа наскоро ќе се врати во тренинг процес.

Според информациите од Шпанија, тој веќе ги привршува деновите за рехабилитација и веќе се прават плановите за неговите први тренинзи. Според „Марка“, голманот на Реал Мадрид, ќе се врати на целосни тренинзи со тимот од 27 март.

Дотогаш треба д апомине уште неколку лекарски и фитнес контроли. Белгиецот во август минатата година на тренинг ги скина вкрстените лигаменти на коленото, по што мораше да биде опериран.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО