Неизвесна иднината на Мората во Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Атлетико Мадрид и на репрезентацијата на Шпанија, Алваро Мората, зборуваше за иднинаta во мадридскиот клуб, по гласините за трансфери на други напаѓачи во екипата.

– Видов во медиумите дека Атлетико сака да ангажира осум напаѓачи. Искрено, ми изгледа дека не сум повеќе приоритет за клубот. Во октомври ќе наполнам 32 години, не можам да останам во Атлетико и да не играм.

Генерално, најлесно беше да си заминам лани од Атлетико. Имав финансиски попрофитабилни понуди од големи тимови, но имам илузии дека ќе ја освојам титулата со Атлетико Мадрид, изјави Мората.

Минатата сезона Мората одигра 48 натпревари на кои постигна 21 гол и имаше пет асистенции. Неговата пазарна вредност моментално изнесува 16 милиони евра, а договорот со Атлетико му важи до јули 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО