Данецот Приске го менува Слот во Феенорд

Холандскиот Феенорд објави дека нов тренер на тимот ќе биде Данецот, Брајан Приске,  47-годишниот стратег, кој досега беше предводник на чешката Спарта Прага.

Приске за кого ова ќе биде прв предизвик во холандското првенство, претходно беше тренер на Мидтјиланд, Копенхаген и на Антверпен. Навивачите на Феенорд се надеваат дека управата го направила вистинскиот избор и очекуваат враќање на тронот кој сезонава му припадна на ПСВ Ајндховен.

Приске ќе нема лесна задача затоа што на клупата го наследува Арне Слот, кој пред две сезони му ја донесе титулата на Феенорд, годинава и националниот куп, по што ќе го замени Јирген Клоп во Ливерпул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО