НБА, плеј-оф: Њујорк – Индијана во полуфиналето на Истокот

Њујорк никс и Индијана пејсерс ќе играат во полуфиналето на Источната конференција, откако и двата тима успешно го минаа првото коло од плеј-офот во НБА лигата. Никс во понеделник во Њујорк ги пречекува Пејсерс во првиот меч.

Никс, вторите носители на Истокот, ја победија Филаделфија сиксерс на гости со 118:115, за вкупни 4:2 во серијата. Њујорк до победата го предводеа Џејлен Брансон кој постигна 41 поен и 12 асистенции, Донте ДиВинченцо со 23 поени и седум асистенции и Џош Харт со 16 поени, 14 скока и седум асистенции.

Шестиот носител, Пејсерс во Индијанаполис го победи третиот носител, шампионот од 2021 година, Милвоки бакс со 120:98, исто така со вкупни 4:2. Најдобри кај Пејсерс беа Оби Топин со 21 поен и осум скока и ТЏ Мекконел со 20 поени и девет асистенции.

Претходно, Бостон селтикс, првиот фаворит, си обезбеди место во полуфиналето на Истокот елиминирајќи го Мајами хит со 4:1. Бостон ќе игра против подобриот од дуелот Орландо меџик – Кливленд кавалирс (2:3).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО