НБА плеј-оф: Бостон во финалето на Истокот; нов трипл-дабл за Дончиќ

Кошаркарите на Бостон селтикс се првите финалисти во Источната конференција во НБА лигата. Тие во петтиот полуфинален натпревар го совладаа ослабениот Кливленд кавалирс со 113:98, за вкупни 4:1.

Џејсон Тејтум постигна 25 поени, плус 10 скока и девет асистенции, а Ал Хорфорд додаде 22 поени, заедно со 15 скока, петте асистенции и трите блокади за Селтикс, на кои работата им беше олеснета поради неиграњето на Донован Мичел, најголемата ѕвезда на Кавалирс поради повредата на потколеницата на левата нога.

Бостон во конференциското финале, трето по ред, односно шесто во последните осум сезони, ќе игра против победникот од серијата меѓу Њујорк никс и Индијана пејсерс (3:2).

На чекор до финалето на Западот се и Далас маверикс. Тие по синоќешната победа над најдобриот тим на Западот во регуларниот дел од сезоната, Оклахома Сити тандер од 104:92, водат со 3:2.

Лука Дончиќ реализираше трипл-дабл, втор во низа, 31 кош, 11 асистенции и 10 скока, а Дерик Џонс јуниор додаде 19 поени за Маверикс.

– Таков е нашиот менталитет.Знаеме дека на последниот натпревардома „ги пуштивме“. Ние грешевме, тие ги погодија своите шутеви, рече Дончиќ.

Кај Тандер само еден играч постигна повеќе од 13 поени. Шеј Гилџес-Александер мечот го заврши со 30 поени, осум асистенции и шест скока.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО